Connect with us

Убава вест за Јувентус: Ди Марија би сакал да остане уште една сезона

На Јувентус му беа одземени 15 бода поради финансиска измама, а после се сосема неочекувана одлука донесе ѕвездата на торинскиот клуб, Анхел ди Марија.


„Бјанконерите“ направија малверзации во книговодството, ја криеја реалната слика за финансиите на клубот и тоа на крајот ги чинеше со одземање на 15 бода во Серија А.

За трпеливите фанови на „старата дама“ конечно има некоја добра вест, а е поврзана со Анхел Ди Марија.

Светскиот шампион иако влезе во 36. година од животот, сепак се истакнува на теренот. Оваа сезона постигна седум гола и додаде шест асистенции.

Поради повреди на теренот мина помалку време од очекуваното, но сепак има импресивни настапи. Никој во Торино не се сомнева дека Аргентинецот е клучен играч на Јувентус.

Проблемот беше што Ди Марија при заминувањето од ПСЖ изјави дека ќе остане во Европа само уште една година. Сепак, се чини дека ги промени плановите.

„Ди Марија многу би сакал да остане во Јувентус барем уште една сезона. Дури и за помали примања“, пренесува италијанскиот весник „Тутоспорт“. Офанзивниот играч за врска заработува седум милиони евра годишно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови