Connect with us

Убава новинарка се „обрука“ за сите пари, не знаеше со кого зборува после меч од Бундес-лигата (ВИДЕО)

По натпреварот од првото коло на Бундес-лигата, во кој Ајнтрахт Франкфурт го победи Вердер Бремен со убедливи 4-1, се случи ситуација што ги насмеа и гледачите и фудбалерите.

Капитенот на Вердер, Марко Фридл, се појави пред камерите на „Скај Германија“ за својата изјава по мечот. Но, наместо класично интервју, сцената доби неочекуван комичен пресврт.


Бидејќи претходно го разменил дресот со својот поранешен соиграч Михаел Цетерер, Фридл пред камерите се појави во дрес на Ајнтрахт.

Новинарката Катарина Клајнфелд, убедена дека зборува со играч на победничкиот тим, веднаш го праша како се чувствува по големата победа.

Со насмевка, капитенот ја исправи: „Јас сум играч на Вердер… ние загубивме.“


Настана кратка непријатна тишина, а потоа и извинување од новинарката, која се обиде да ја ублажи незгодната ситуација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови