
Македонската репрезентација до 16 години денеска и во четврток (7. ноември) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата до 16 години на Романија.
Денешниот прв натпревар се игра со почеток од 13 часот, додека реванш дуелот е закажан од 11 часот.
Селекторот на македонската репрезентација, Драган Канатларовски за натпреварите против Романија ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Стефан Тасев (Вардар), Васко Василев (Црвена Звезда, Србија);
Одбрана: Никола Павлески (Вардар), Игор Јаневски (Вардар), Бленд Зекири (Работнички), Енис Бучи (Шкупи), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Марко Ристов (Работнички), Борјан Поповски (Работнички);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Мемедриза Хамза (Шкендија), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница), Мите Митев (Академија Пандев), Огнен Здравковски (Вардар), Давид Љушев (Вардар), Матео Софијановски (Њу Старс);
Напад: Георг Стојановски (Вардар), Михаил Талевски (Работнички), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гучуфи (Вардар).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
