
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се договорил со турскиот гигант Галатасарај, тврди турскиот медиум „Сабах“. Тој ја прифатил најновата понуда на раководството на Галатасарај и се очекува во наредните неколку дена и официјално да биде претставен како ново засилување.
Во текот на вчерашниот ден, Фенербахче беше клубот кој имаше најголема шанса да дојде до потписот на Езгјан Алиоски, но „Сабах“ тврди дека работите се промениле и дека левиот бек на нашиот национален тим донел одлука да му пристапи на тимот на Фатих Терим.
Езгјан Алиоски по четири години поминати во Лидс Јунајтед одлучи да замине од „Иланд Роуд“ иако англискиот премиерлигаш сакаше да го задржи во тимот и за следната сезона. Во трката беа и Рома, ЦСКА Москва, Фенербахче, но најверојатно дека Галатасарај е победникот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
