Connect with us

Тухел: Вината за поразот е моја

Томас Тухел доживеа шок веќе во вториот натпревар како предодник на Баерн Минхен. Баварскиот клуб доживеа сензационална елиминација од Купот на Германија уште во четвртфиналето, откако загуби дома од Фрајбург со 1-2.


За гостите во 93.минута беше досуден пенал откако Џамал Мусијала играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

„Секако, огромно е разочарувањето што рано испаднавме од Купот со пораз на домашен терен. Вистина е дека немав многу време за работа, но, да, јас сум одговорен за оваа елиминација. Фрајбург постигна два гола од само два шута кои ги имаше кон нашиот гол. Не се сеќавам на ниту една нивна шанса. Имавме добри моменти, но секогаш ни фалеше нешто. Последно додавање, правилна одлука, прецизност при акциите. Тие се бранат многу длабоко и не можевме да одиграме пресинг. Поведовме и потоа имавме неколку големи шанси. На крајот, само ние самите сме виновни“, изјави новиот стратег на Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови