
Челси е прагот на финале во Лигата на шампионите, но ќе треба и вечерва на „Стемфорд бриџ“ да одолее против најтрофејниот европски тим Реал Мадрид. Ремито (1-1) од првиот меч во Мадрид им дава на фудбалерите на Томас Тухел мала предност пред вечерашниот реванш меч од полуфиналето, а германскиот стратег верува дека сонародникот Тимо Вернер може да биде решавачки фактор во пресметката.

„Тимо е одличен напаѓач, може да и побегне на секоја одбрана за момент од секундата. Знам дека се создаде едне вид хајка поради неговата послаба реализација, но Вернер работи во максимален спринт и тоа можат да го сфатат само фудбалските луѓе колку е тешко да се сочува концентрацијата во такви услови. Имаме важен натпревар пред нас, мораме да бидеме максимално фокусирани и агресивни, затоа што ако му дозволиме на Реал Мадрид да се размавне, тоа може да биде кобно“, изјави Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
