Тимо Вернер доби виртуелна македонска лична карта откако имаше епска утка на квалификацискиот меч меѓу Германија и Македонија во Дуисбург (1-2). По враќањето во Лондон на тренингот на Челси, Томас Тухел го ослободи од дополнителната вежба за реализација пред противничкиот гол. Му даде интересен совет.
„Тимо напорно работи на реализација на шансите. Остана подолго на тренинг, но го испратив во соблекувалната. Му реков: Твоето тело и мозок знае како да постигнува голови, затоа не се грижи, со време ќе дојдат и головите. Ако некоја девојка не сака да излезе со тебе на вечера, не смееш да ја присилуваш. Само опушти се, повлечи се назад, и таа набрзо ќе дојде кај тебе“, откри Томас Тухел.
Челси утре го пречекува Вест Бромвич Албион во првиот меч од новото коло во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













