Разочарани од одлуките на судијата Павле Илиќ вечерва во 173. вечно дерби, раководството на Партизан сериозно размислува дали да ги испрати своите играчи на теренот на стадионот „Рајко Митиќ“ во полуфиналето од Купот на Србија.
Ова откако Црвена Звезда го победи Партизан со 3-2, со пресврт, откако „црно-белите“ имаа предност од 1-2. За домаќинот беа досудени два пенали, првиот го реализираше Канга, а вториот Катаи. Погодок за „црвено-белите“ постигна и Шериф Ндиаје.
🇷🇸 Goal: Aleksandar Katai | Crvena zvezda 3-2 FK Partizan pic.twitter.com/yLhorbFy95
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 20, 2024
За Партизан стрелци беа Баждар и Северина.
Партизан веднаш испрати писмото до српските медиуми.
„Втор пат по ред срамниот судија Павле Илиќ на свој перфиден и пагански начин го украде фудбалскиот клуб Партизан и го уништи 173-то вечно дерби. Човек кој очигледно нема зрно срам, ниту елементарно знаење за судењето се обиде да масакрира нашиот клуб и играчите, кои машки се бореа против ривалот, но и главниот судија, како 12-ти играч од другата страна на теренот меч со Црвена звезда воопшто, бидејќи не сакаме некој судија аматер Павле Илиќ и други како него, кои се испратени на задача од Судиската организација, да не потценат и повторно да одлучуваат за конечниот резултат“, се вели во соопштението.
Во Партизан се особено лути поради ситуацијата во финишот, пред се поради несудениот фаул на Ндиаје при вториот гол, како и поради мислењето дека Антиќ направил прекршок надвор од шеснаесетникот за вториот пенал за Црвена Звезда.
Faul? 🤔 pic.twitter.com/LHXEvn7J6l
— FK Partizan (@FKPartizanBG) April 20, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal