Премиер – лигата пријави 42 заразени лица за оваа недела, што е најголем број откако се спроведуваат тестирања.
Меѓу заразените има фудбалери, членови на стручниот штаб и менаџери.
Најголем број заразени досега имало во јануари, 40. Тогаш беа тестирани 2.295 лица.
Најголем број тестирани се забележани за периодот од 6 до 12 декември – 3.805.
Од клубовите, Брајтон, Тотенхем, Лестер, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Норич се меѓу најзагрозените.
Јунајтед излезе со официјално соопштение дека вчерашниот тренинг на тимот беше откажан, но и мечот со Брентфорд е под знак прашалник.
Исто така, минатата недела беше одложена средбата меѓу Тотенхем и Брајтон. Во Тотенхем се регистрирани 13 позитивни случаи на Ковид-19.
Премиер – лигата ги засили мерките за контрола на инфекцијата, па така почесто ќе се прават ПЦР тестови кај сите, без разлика дали биле вакцинирани или не.
Навивачите од утре на влезот на стадионот покрај билетот за одреден натпревар ќе треба да покажат и доказ за две примени дози вакцина или негативен тест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













