Connect with us

Триумф на Италија за трето место во Лигата на нации (ВИДЕО)

Италија го освои третото место во Лигата на нации откако славеше победа од 2-1 против прворангираната репрезентацијата на ФИФA ранг-листата, Белгија. Иако првото полувреме заврши без голови, статистиката уште тогаш беше потполно на страна на домаќините. Дуелот се играше на стадионот “Алијанц” во Торино.

Веднаш на стартот на второто полувреме, во 46. минута, Николо Барела упати прецизен шут од самиот шеснаесетник за водство на “сините”. За ново водство од 2-0 најмногу се погрижи Федерико Киеза, кој беше соборен во шеснаесетникот од страна на Тимоти Кастањ, а Доменико Берарди беше успешен од белата точка.

Но, кога сите веруваа дека токму ова ќе биде конечниот резултат, Чарлс де Кетелер постигна погодок за “црвените ѓаволи”, по неверојатната контраофанзива која ја започна голманот Тибо Куртоа. Топката го прескока средниот ред, па бргу стигна до Кевин де Бруин, кој без проблеми му ја достави на де Кетелер, а младиот фудбалер на Клуб Бриж професионално ја “протна” топката под нозете на италијанскиот капитен, Џанлуиџи Донарума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови