Кипарскиот тим АЕК Ларнака ремизираше (1-1) на домашен терен против Макаби Хаифа во првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Трагичар на овој дуел беше македонскиот интернационалец Иван Тричковски кој во финишот не успеа да реализира пенал.
Тричковски влезе во игра во 69.минута, а во 86.минута не беше успешен од белата точка.
Макаби Хаифа поведе со голот на Коен во 64.минута, а АЕК Ларнака израмни преку Фарај во 80.минута. Шест минути подоцна Тричковски пропушти одлична шанса од пенал да донесе победа.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement