Аталанта и Тотенхем се заинтересирани за обезбедување на услугите на Мерих Демирал, кој би можел да го напушти Јувентус ова лето за сума од 35-40 милиони евра. Демирал му се приклучи на Јувентус од Сасуоло во 2019 година, но не успеа да се наметне на ниту еден тренер досега поради конкуренција од страна на Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи и Матијс де Лихт.
Според “Скај Италија”, турскиот репрезентативец, кој во петокот, несреќно постигна погодок во својата мрежа против Италија, е на радарот на Аталанта, но неговата плата од 1,8 милиони евра годишно делува поголема за тимот од Серија А.
Тотенхем, исто така, покажува интерес за дефанзивецот, бидејќи новиот управен директор на “петлите”, Фабио Паратичи добро го познава фудбалерот, а истото важи и за Пауло Фонсека, кој ќе биде назначен за нов тренер на Премиерлигашот во наредните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













