Connect with us

Трент Александер-Арнолд во јуни доаѓа на „Бернабеу“?

„Кралскиот клуб“ одржа собрание, а по него секогаш се разговара за засилувањата што би дошле на „Сантијаго Бернабеу“ следната сезона. Вниманието е насочено кон Трент Александер-Арнолд како потенцијална аквизиција за позицијата десен бек.

Англискиот фудбалер е дете на Ливерпул каде доживеа целосна афирмација. Со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите заедно со долгоочекуваната англиска титула.

На оваа позиција во Мадрид веќе подолго време настапува неприкосновениот Даниел Карвахал.

Трент Александер-Арнолд има договор со Ливерпул до 2025 година и неговата проценета пазарна вредност е околу 65 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови