По поразот од Кит Го (1-4) на домашен терен, тренерот на Тиквеш, Раде Цицмиловиќ поднесе неотповиклива оставка. Вели дека секогаш ќе навива за Тиквеш и за него фудбалерите на овој клуб се шампиони.
„Денес е допрено дното и после 13 кола тортура на ГФК Тиквеш денес се поминаа сите граници после двата недосудени пенали во првото полувреме и исклучуањето на Симе Христов се виде дека и после 13 кола нема нисто ново. Јас како тренер ја преземам одговорноста за се, и од морални причини си поднесувам оставка. Сакам да им се заблагодарам на управата, претседателот и градоначалникот за укажаната доверба. Исто така сакам да им заблагодарам на играчите, стручниот штаб и на сите во клубот, исто така голема благодарност до навивачката група Лозари, која во овие 13 кола беше наш 12. играч. Поминавме една година низ се, бевме како едно семејство и треба така да продолжите до крај. Без разлика на се за мене вие сте шампиони ! Одиграјте до крај чесно и поштено, правдата е како шило и со срце и душа ќе навивам за Тиквеш…Тиквеш и Кавадарци и навивачката група Лозари заслужуваат Прва лига. Напред Тиквеш, чесно и поштено до крај“, напиша Раде Цицмиловиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













