
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, дал позитивен одговор за да биде наследник на Јирген Клоп, објавија медиумите во Португалија.
Аморим, наводно, веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.
Сепак, најпрво сака да остане фокусиран на двојната круна во Португалија, затоа што сака да се прости во голем стил со клубот од Лисабон.
Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика, а воедно има и натпревар помалку. Исто така, Спортинг и Бенфика се борат за трофејот во Купот на Португалија, во првиот полуфинален меч Спортинг победи со 2-1, а во вторник е закажан реваншот.
Рубен Аморим нема големо тренерско искуство надвор од Португалија, но во татковината навистина бележи импресивни резултати. Прво ја водеше Брага, а потоа во март 2020 година го презеде Спортинг Лисабон, со кој досега успеал на дури 203 натпревари.
Откако Чаби Алонсо реши да остане во Баер Леверкузен, се чини дека Рубен Аморим е најдоброто решение за Ливерпул за наследник на Јирген Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
