
Динамо Загреб и официјално потврди дека во новата сезона кормилото на тимот ќе го преземе хрватскиот стручњак Марио Ковачевиќ. Тој ќе ја започне работата со „модрите“ на 18 јуни, кога се закажани и подготовките за новата сезона.
Ковачевиќ доаѓа по успешната сезона на клупата на Славен Белупо, каде што го водеше и македонскиот репрезентативец Илија Нестороски. Под негово водство, тимот од Копривница стигна до финалето на Купот на Хрватска и ја заврши првенствената трка на петтото место, прикажувајќи модерен фудбал и тактичка дисциплина.
„Сакам да му се заблагодарам на Динамо за довербата и шансата да го водам најголемиот и најтрофејниот хрватски клуб. Свесен сум за очекувањата и одговорноста. Ќе го живеам овој предизвик со целосна посветеност и храброст“, изјави Ковачевиќ по преземањето на функцијата, потенцирајќи дека Динамо мора да игра модерен, брз и атрактивен фудбал.
Хрватскиот гигант изрази целосна поддршка и верба во новиот стратег, нагласувајќи дека се стремат кон долгорочен и успешен проект.
„Комплетниот погон на Динамо верува во оваа соработка. Добредојде, Марио!“, се вели во соопштението на клубот.
Ковачевиќ ја започна тренерската кариера во 2014 година со Меѓимурје, а потоа ги водеше Вараждин, Полет и повторно Меѓимурје. Вистински пробив на прволигашката сцена направи со Вараждин и Славен Белупо, каде стекна респектабилна репутација во хрватскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
