
Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, изрази незадоволство од судењето по реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Реал Мадрид.
Неговиот тим одигра одличен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и водеше со 1-3, но дуелот продолжи во екстра-време и заврши со 4-4, резултат што го испрати Реал Мадрид во финалето. „Кралевите“ го добија првиот меч во Сан Себастијан со 0-1.
Иманол Алгуасил смета дека судиските одлуки имале значително влијание, особено при третиот гол на Реал Мадрид.
„Пред да дојде до корнерот од кој беше постигнат голот, имаше офсајд од Мбапе што судиите го игнорираа. Реал Мадрид е голем клуб и не му треба ваква помош. Убеден сум дека ако ситуацијата беше обратна, голот немаше да биде признат“, изјави стратегот на Реал Сосиедад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
