АЕК Ларнака е во сериозна резултатска криза, а тогаш се прават и чудни потези. Тренерот на кипарскиот прволигаш Софрони Августи јавно објави дека нема веќе да смета на дефанзивецот Даниел Мојсов поради тоа што премногу често бил повреден оваа сезона, но се премисли по мечот против Енозис (1-2).
АЕК Ларнака загуби на домашен терен, одбранбениот фудбалер Хектор Мартинез одигра разочарувачки меч, по што тренерот Августи се премисли и одлучи да му ја покаже излезната врата од клубот на Шпанецот, а да го задржи Даниел Мојсов до крајот на сезоната.
АЕК Ларнака се наоѓа на петтата позиција со 29 бода, десет помалку од лидерот Аполон и забележа три последовни порази во кипарскиот шампионат.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski