Академија Пандев загуби (1-0) на гостувањето во Велес и малку забави во трката со Вардар за врвот на табелата. Вардарци побегнаа со три бода предност, но поголема грижа за тренерот Југослав Тренчовски се повредите на најдобрите фудбалери Љупчо Дориев и Ѓорѓи Стоилов. Поразот дојде откако неговите избраници сепак не се снајдоа најдобро на теренот во Велес.
„Не се снајдовме најдобро на условите во Велес, а и не бевме доволно заштитени од грубата игра на домаќинот. Дојдоа и повредите на двајцата најдобри фудбалери, а противникот постигна еврогол. Но, одиме понатаму, се надеваме дека повредите не се премногу сериозни, денеска ќе имаме подетални информации по магнетната резонанца и се подготвуваме за следните искушенија“, вели тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.
Академија Пандев по 12 кола се наоѓа на втората позиција на табелата со 24 бода, три помалку од лидерот Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













