
Кристијан Трапановски и Давид Бабунски имаат одличен старт на сезоната со Данди Јунајтед. Во Лига купот на Шкотска, тие постигнаа неколку гола и покажаа дека ќе бидат големи засилувања за тимот.
Во интервју за британски „Телеграф“, Трапановски вели дека е среќен како почна неговата одисеја во Шкотска, изрази задоволство што игра заедно во тимот со Давид Бабунски, а верува дека во блиска иднина заедно ќе заиграат и во репрезентацијата на Македонија.
„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам и посакувам вака заедно да играме и за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски ги следи нашите натпреварите на Данди. Пресреќен сум што постигнав веќе три гола за тимот“, изјави Трапановски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
