
Ренџерс и Данди Јунајтед одиграа возбудливо реми (2-2) во натпреварот од осмото коло на шкотската Премиер – лига, во дуел кој имаше и „македонска пресметка“. На теренот на „Ајброкс парк“ цел меч за домашните одигра Бојан Миовски, додека кај гостите херој беше Кристијан Трапановски, кој влезе од клупа и веднаш се запиша меѓу стрелците.
Асгард во 25. минута донесе водство за Ренџерс, резултат со кој се замина на полувреме. Но, во второто полувреме на сцена стапи Трапановски — само што влезе во игра во 66. минута, од првиот допир ја затресе мрежата на домаќините. Македонецот доби топка од десната страна, повлече кон средината и со прецизен удар од шеснаесетникот израмни на 1-1.
Ова е негов прв погодок сезонава, по враќањето од повредата на зглобот, а воедно и само втор настап во лигата.
Данди потоа направи целосен пресврт преку Сибалд, но во самиот финиш капитенот на Ренџерс, Џејмс Таверние, донесе бод за својот тим со погодок за конечни 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
