
Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Летонија со 1-0 во петтиот натпревар од Лигата на нации, го осигура првото место во групата од Лигата Б и дојде чекор поблиску до можност за мундијалски бараж.
По подолг период, Александар Трајковски беше стартер во нападот и го изведе корнерот по кој Никола Серафимов го постигна победничкиот погодок. Тој посакува поголем број фанови на трибините и ги повикува да дојдат на следниот меч против Фарски Острови.
„Задоволен сум дека победивме, го дадовме нашиот максиум, знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар. Се подготвувавме за ваков натпревар, можеби можевме да победиме и со повеќе голови разлика, но се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме поефикасни и ќе оствариме подобар резултат“, вели Трајковски.
„Се надевам дека во недела ќе имаме поголема поддршка од трибините, ние за секој натпревар се надеваме дека публиката ќе дојде во поголем број. Мислам дека со овие резултати го заслужуваме тоа“, изјави Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените

Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за Хетафе?
