
Нов селектор, некои нови момци, но и стари познати ликови. Еден од „староседелците“ е Александар Трајковски кој очекува Македонија да продолжи со добри игри и резултати во периодот што следи.
„Секогаш сум среќен кога ќе ги видам насмевките на соиграчите во националниот тим. Ова е прв собир после Европското првенство. Сега е малку поразлично, има некои нови момци, им посакуваме добредојде во репрезентацијата. Имаме и нов шеф на стручниот штаб, нов селектор, а ние треба да го дадеме маскумумот се наметнеме со нашиот однос на тренинзите и на натпреварите. Очекувам да продолжиме со добри резултати, се надевам уште сега во септември. Прв ривал е Ерменија, добро ги знаеме, сме играле неколку пати со нив, можеби новиот селектор ќе има и некои нови идеи, а сите се надеваме на добар резултат“, изјави Александар Трајковски.
Мечот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за 2.септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
