Connect with us

Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хајдук Сплит ја задржаа минималната надеж за шампионска титула во Хрватска откако во дербито го совладаа големиот ривал Ријека со 2-1 на преполниот „Пољуд“. Со оваа победа, сплиќаните му направија услуга на Динамо Загреб, кој може да се надева на титулата. Сепак, ако Ријека дома го победи Славен Белупо, ќе го освои шампионскиот пехар.

Натпреварот го отвори Марко Ливаја со погодок од пенал уште во 12. минута, по што Хајдук доминираше во поголемиот дел од првото полувреме. Ријека израмни преку Дује Чоп во 73. минута, но радоста на гостите траеше кратко.

Само пет минути подоцна, Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец, повторно ја запали публиката со прецизен удар за конечни 2-1. Тоа беше негов трет погодок оваа сезона, но можеби и највредниот досега – не само за Хајдук, туку и за судбината на шампионската трка.

Со оваа победа, Хајдук се искачи на 60 бодови, и сега има два помалку од Ријека и Динамо, кои имаат по 62. Во последното коло, Хајдук ќе се надева на кикс на конкурентите и ќе се обиде да ја заврши сезоната на најдобар можен начин, иако шансите за титулата се само теоретски.

Погодокот на Александар Трајковски дојде во вистински момент и потсети на неговата прецизност во клучни ситуации. Овој настап е силен сигнал и за македонскиот селектор, особено пред претстојните репрезентативни обврски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови