
Македонската фудбалска репрезентација повторно е на собир за јунскиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2026 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ги очекуваат две важни средби, првата против Белгија на домашен терен во Скопје, а потоа против Казахстан во Астана.
Добра вест за селекцијата е враќањето на крилниот напаѓач Александар Трајковски, кој по разделбата со Хајдук Сплит е слободен играч и ќе го искористи периодот за настапи за националниот тим.
„Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан. Мислам дека сите треба максимално да се ставиме во функција на тимот“, изјави Трајковски.
Тој додаде дека иако се игра на крајот од напорната сезона, фокусот и мотивацијата остануваат високи.
„Можеби е тешко затоа што играме на крај на сезона, но по овој циклус може да се одмориме. Се надевам на најдоброто во следните два меча. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот и ќе извлечеме поука од натпреварот со Велс“, вели напаѓачот.
За противникот Белгија, Трајковски вели дека селекцијата е променета во однос на времето кога тој настапувал таму, но очекува силен натпревар.
„Играме дома со посилна селекција и мора да бидеме добро подготвени. Имаме доволно време со селекторот за подготовка. Играв во Белгија, помина доста време, селекцијата им е променета, имаат нови млади играчи. Сигурен сум дека нѐ очекува поинаков меч од оној пред десетина години. Мотив има секогаш, особено кога се игра против квалитетна репрезентација“, заклучи Трајковски.
Македонија против Белгија ќе игра во Скопје, а три дена подоцна ќе го одигра натпреварот против Казахстан во Астана, каде ќе се обиде да освои нови важни бодови на патот кон Мундијалот 2026.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Евро-фудбал
Лука Модриќ пред трансфер во Интер?
