Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ја оствари првата победа во квалификациите, совладувајќи ја Ерменија со 2-1 во третиот меч од циклусот за ЕП 2027. По поразите од Полска и од Италија, избраниците на Горан Станиќ стигнаа до првиот триумф, со пресврт во второто полувреме, на натпреварот што се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Македонија не искористи неколку можности, а потоа Ерменија дојде до предност со голот на Нарек Хофханисјан во 38.минута.
Но, селекцијата на Станиќ не се предаде и покажа победнички карактер. Димитар Трајков во 54.минута со удар со глава по корнерот од десната страна успеа да израмни, а во финишот постигна и победнички погодок во 83.минута. Тој беше спектакуларен, од средината на теренот.
Сега младата селекција ја очекува дуел против Црна Гора на гости на 14.октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













