Тажна вест доаѓа од Шпанија. Рано утрово ненадејно почина спортскиот директор на Овиедо, 46-годишниот Францеск Арнау. Клубот од Асторија изрази сочувство до семејството со порака на социјалните мрежи, проследена и од Барселона, каталонскиот гигант за кој своевремено бранеше Арнау.
Тој беше голман на Барселона до 2001 година. Редовно играше за Б тимот, додека во најсилниот тим собра 24 настапи, бидејќи предност имаа Руд Хесп и Пепе Реина.
Арнау ја напушти Барселона и замина во Малага, каде помина десет години и имаше многу поважна улога. Таму собра 131 настапи во Примера, а својот последен натпревар го имаше пред десет години, на 21.05.2011 година, против матичниот клуб Барселона.
По завршувањето на активната кариера, Францеск Арнау стана спортски директор на Малага, а од 2019 година ја извршуваше оваа функција во Овиедо. Пред еден месец, шпанските медиуми навестуваа дека Хоан Лапорта сака Арнау да биде технички директор на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













