Резервниот голман на Интер, Хозеп Мартинез (27), утринава беше вклучен во трагичен инцидент кога случајно со автомобил удри постар човек во електрична инвалидска количка, при што човекот почина на лице место.
Несреќата се случи во Фенегро, во провинцијата Комо, недалеку од тренинг центарот на Интер во Апијано Џентиле, околу 9:45 часот на улицата Виа Бергамо.
Според првичните информации, човекот можеби се почувствувал лошо и ја напуштил велосипедската патека за да го премине патот во спротивна насока на сообраќајот.
Мартинез веднаш застана за да пружи прва помош и соработуваше со властите на лице место.
Голманот не е повреден и не беше префрлен во болница, а полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности на трагедијата. Патот беше привремено затворен за спасувачки операции и рутински проверки.
Оваа сезона, Мартинез има два настапи во Серија А и еден настап за шпанската репрезентација. Роден е во Барселона и претходно бранеше за Лас Палмас, Лајпциг и Џенова, а од минатото лето е дел од Интер, за кој клубот плати 14 милиони евра.
Во оваа сезона бранеше по цели 90 минути на натпреварите против Сасуоло и Калјари, додека на преостанатите средби беше резервен голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













