Connect with us

Трагедија во Англија, загина млад фудбалер

Голема трагедија ја потресе Англија за божиќните празници. Млад фудбалер е убиен за време на расправија во бар во Бирмингем, откриваат медиумите на Островот. Животот го загуби тинејџерот од Валсал, Коди Фишер. Тој до неодамна играше за аматерскиот тим Бромсгроув Спортинг.


Во оваа фаза не е јасно што точно се случило, локалната полиција веќе го истражува инцидентот, но оттаму не соопштуваат повеќе детали.

Единствено што е јасно е дека Фишер се здобил со неколку убодни рани и покрај брзата реакција на итните медицински лица, тие не успеале да му го спасат животот и младиот човек починал од здобиените рани.

„Сите ние во Бромсгроув Спортинг сме длабоко тажни поради веста за смртта на Коди Фишер. Коди беше пријател со сите во клубот. Испраќаме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските“, напишаа од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови