Connect with us

Трагедија во Алжир: Попушти трибината, има загинати (ВИДЕО)

Страшни сцени доаѓаат од Алжир, каде што последното коло од домашниот фудбалски шампионат беше обележано со трагедија. На натпреварот меѓу Алжер и Магра, непосредно пред последниот свиреж, се случи ужасен инцидент.

Група навивачи на Алжер паднаа од горната на долната трибина – пад од десетина метри – откако попуштила заштитната ограда. Причината била масовното туркање на навивачите кои сакале да се доближат до теренот за да ја прослават титулата.

За жал, инцидентот заврши фатално – едно лице го загуби животот, а тројца се борат за живот во критична состојба. Дополнително, повеќе од дваесет навивачи се здобиле со повреди.

Моментот на несреќата беше фатен на неколку видео-снимки и фотографии, кои сведочат за ужасот и паниката што настанала. Иако натпреварот заврши 0-0, спортскиот настан остана засенет од оваа трагедија.

Алжирските власти ја потврдија информацијата за еден загинат и повеќемина повредени, и најавија истрага за утврдување на причините и одговорноста за настанот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови