
Турскиот прволигаш Трабзонспор се откажа од идејата за ангажман на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Откако повеќенеделните обиди не дадоа резултат, раководството на Трабзон, како што информираат турските медиуми, го заокружува неуспешно „проектот Алиоски“ и ќе се фокусира на други фудбалери како можни засилувања за левата бековска позиција.
Алиоски доби две понуди од Трабзонспор, првата со годишна плата од 1,2 милиони евра и бонус од 500.000 евра за потпис на договорот со оглед дека е слободен агент. Потоа, наводно Трабзон ја зголемил сумата и до 2 милиони евра, но повторно не добил конкретен одговор од македонскиот репрезентативец.
Лидс Јунајтед исто така не доби позитивен одговор од левиот бек и официјално објави дека доаѓа до разделба, а за Алиоски се интересираат Рома, Галатасарај и ЦСКА Москва.
Жозе Мурињо во Алиоски ја гледа замената за повредениот Леонардо Спинацола кој ќе отсуствува најмалку шест месеци од терените, а Галатасарај и ЦСКА Москва се исто така конкретни со понудите. Рускиот клуб понуди 2,5 милиони евра, но засега Алиоски и неговите агенти чекаат и размислуваат која понуда да ја прифатат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
