
Трабзонспор изразил интерес трајно да го откупи голманот Андре Онана, кој моментално настапува за клубот како позајмен играч од Манчестер јунајтед. Раководството на турскиот тим веќе го информирало менаџерскиот тим на камерунскиот чувар на мрежата за намерата да започне преговори со „црвените ѓаволи“ за целосен трансфер.
Постигнувањето договор со самиот Онана не би требало да биде проблем, бидејќи неговата плата во Трабзонспор е повисока од онаа што ја добива во Манчестер јунајтед. Сепак, засега не е јасно дали англискиот клуб ќе се согласи да го продаде голманот.
Сегашниот договор за позајмица не вклучува опција за откуп.
Онана се приклучи на Манчестер јунајтед во 2023 година, а неговиот договор е со важност до летото 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
