Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се подготвува со националниот тим за пресметките со Летонија и со Фарски Острови во Лигата на Нации, но дојде изненадувачка вест од Турција. Неговиот клуб Трабзонспор одлучи да го префрли во вториот тим, наводно со цел да ги подобри своите перформанси.
Сепак, јасно е дека клубот прави притисок за да потпишат нов договор или да се одлучат да заминат во јануари, за да не бидат слободни агенти во летниот преоден рок.
„Како резултат на денешниот состанок меѓу претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкас и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е нашите фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено за да ги подобрат своите перформанси“, се вели во соопштението на Трабзонспор.
Барди, кој во Трабзонспор е од 2022 година, сезонава забележа вкупно 13 настапи во сите натпреварувања за тимот, од кои осум во турското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













