Легендата на Рома и светски шампион со Италија од 2006 година, Франческо Тоти, изјави дека сочувствува со Кристијано Роналдо, кој минува низ најтешкиот период во кариерата. Португалската ѕвезда е без клуб откако го напушти Манчестер Јунајтед и остана на клупата на Мундијалот против Швајцарија и Мароко.
„Гледајќи што се случува со Роналдо во последните неколку месеци, се враќам на она што го чувствував. Мислам дека треба да добие поголема почит. Знам како се чувствуваш кога веќе не си на врвот, а си бил таму долго време“, прокоментира Тоти.
Принцот од Рим се уште не сакаше да заврши со фудбалот и влезе во конфликт со тренерот Лучијано Спалети, а раководството на Рома не му понуди нов договор.
„Освојувањето на светската титула е нешто што останува со вас до крајот на животот. Мислам дека италијанската селекција од 2006 година сигурно ќе беше меѓу полуфиналистите на тековното Светско првенство“, истакна Тоти.
„Меси и Марадона? За мене Марадона е фудбал. Меси е најдобриот фудбалер во моментов, но сепак е зад Диего“, изјави Франческо Тоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













