Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, вели дека денешните фудбалери играат за оној што ќе им даде најмногу пари. Не се сомнева дека и Њукасл многу брзо ќе создаде супер – тим со новите сопственици.
Поранешниот капитен на Рома, кој ја помина целата кариера во римскиот клуб, ја коментираше понудата на Реал Мадрид што ја имаше на масата, истакнувајќи дека не му се допаѓа како се промени фудбалот во последните години.
„Играв фудбал во сосема друга ера. Тоа беше фудбалот што се играше поради љубовта што доаѓаше од навивачите. Играв за тимот за кој навивав 25 години, ми беше многу лесно да изберам. Тешко е да се спореди тоа време и ова денес. Играчите денес одат таму каде што им се нудат повеќе пари, не можам да кажам дека не го разбирам тоа. Денес фудбалот е бизнис“, изјави Тоти.
Тој ја коментираше и понудата од Реал Мадрид.
„Секако дека размислував за понудата што ми ја испрати Реал. Имаше денови кога бев во Шпанија со една нога и во Рим со една нога. Тогаш моето срце одлучи дека ќе останам дома“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













