Тотенхем не успеа да го обезбеди трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас, кој, според сите најави, ќе прејде во Арсенал. Поради тоа челниците на Тотенхем веќе пронајдоа алтернатива за 27-годишниот фудбалер.
Станува збор за Морган Роџерс од Астон Вила, кој, исто како и Езе, игра како офанзивен играч за врска. Лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со агентите на 23-годишниот фудбалер со цел да го доведе во своите редови пред крајот на летниот преоден рок.
Астон Вила не е подготвена да ги продава своите играчи, иако кружат шпекулации дека би можела да разгледа добра понуда за него поради проблемите со финансискиот фер-плеј на Премиер – лигата.
Договорот на Роџерс со Вила трае до летото 2030 година, а неговата вредност е проценета на 55 милиони евра. Во минатата сезона англискиот репрезентативец постигна 14 голови и запиша 16 асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања за тимот на Унаи Емери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













