Англискиот премиерлигаш Тотенхем нема намера да го продаде капитенот Хари Кејн во летниот преоден рок. Иако се погласни се шпекулациите дека напаѓачот ќе бара промена на средината поради фактот што Тотенхем не се бори за трофеи, сепак, раководството на клубот од Лондон уверува дека Кејн ќе остане во тимот и следната сезона.
Тотенхем не сака да го продаде на ниту еден од конкурентите во Премиер – лигата, а за странските клубови одредена е отштета од 200 милиони евра. Оваа сума е секако огромна во периодот на глобална криза поради пандемијата на коронавирусот, па лондонскиот клуб се надева дека ќе го задржи капитенот најмалку уште една сезона.
Хари Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













