
Тотенхем го претстави Арнo Данџума. Станува збор за 25-годишен офанзивец кој пристигна на позајмица од Вилјареал во „најлудиот трансфер“ сезонава. Данџума беше на прагот да прејде во Евертон кога менаџерот Франк Лампард доби отказ, па холандскиот репрезентативец се предомисли и заврши во Тотенхем.
Данџума вчера пристигна во Ливерпул, беше на лекарски преглед, се фотографираше во дресот на Евертон, а клубот договори прес-конференција и презентација.
Остана само потпишувањето на договорот, но потоа почна циркусот. Лампард го сакаше Данџума, а откако си замина, Холанѓанецот сфати дека не сака да игра во Евертон.
Во Тотенхем слушнаа што се случува со играчот што го посакуваат, а потоа се случи сензационален пресврт.
Introducing the latest member of the Spurs family… pic.twitter.com/atiRIBFRWO
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 25, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
