Connect with us

Торино непоразен на гости кај Лацио, цел меч за Елиф Елмас (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Торино освоија бод на гостувањето кај Лацио, одигрувајќи 1-1 во последниот натпревар од 30. коло во Серија А.

Лацио прв дојде до водство со голот на Марушиќ во 57. минута, но Торино не се предаде – Гинеитис во 82. минута донесе израмнување и ги постави конечните 1-1.

Елмас доби доверба од тренерот Паоло Ваноли и беше стартер, а на теренот остана до самиот крај, комплетирајќи го целиот натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови