Во рамките на 33. коло од Серија А, тимот на Парма приреди изненадување совладувајќи го Јувентус со 1-0. Единствениот гол на натпреварот го постигна 23-годишниот аргентински напаѓач Матео Пелегрини во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Ова беше прв пораз за хрватскиот стратег Игор Тудор откако го презеде кормилото на „старата дама“. Претходно имаше биланс од две победи и две нерешени средби.
Со овој резултат, Јувентус остана на петтата позиција на табелата и дополнително си го искомпликува патот кон пласман во Лигата на шампионите. Од друга страна, Парма со три важни бода во борбата за опстанок скокна на 15. место.
Елиф Елмас и Торино славеа против Удинезе со 2-0 на домашен терен. Елмас одигра 75 минути и беше стартер во својот тим, а головите ги постигнаа Че Адамс и Али Дембеле.
Лацио славеше против Џенова на гости со 0-2, а Фиорентина со 1-2 беше подобра од Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи













