Connect with us

Тореира: Завршив со европски фудбал, заминувам во Бока Јуниорс (ВИДЕО)

Играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира, откри дека повеќе не сака да игра фудбал во Европа и наместо тоа, сака да се врати во Јужна Америка и да го носи дресот на Бока Јуниорс.

Во емотивно интервју за ЕСПН Аргентина, Тореира откри дека донел одлука да се збогува со европскиот фудбал откако почина неговата мајка поради компликации од коронавирус.

“Се обидувам да ја разберам ситуацијата. Тешко е да се помирам со тоа, но како што одминува времето, ќе живеам со оваа болка.

“Не сакам да играм повеќе во Европа, сакам да играм за Бока Јуниорс. Ќе го сторам тоа за татко ми, бидејќи сакам да бидам блиску до мојот дом и до семејството. Имам договор во Арсенал и сум позајмен во Атлетико Мадрид, но сакам да одам во Бока. Се надевам дека клубовите ќе најдат заеднички јазик”, кажа 25-годишниот уругвајски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови