Connect with us

„Топчиите“ во финишот го испукаа Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Арсенал слави голем триумф (3-2) над Манчестер Јунајтед во дербито на „Емирати“. Едвард Нкетија беше стрелец на два гола, а и победничкиот во 90.минута. 

Маркус Рашфорд во 17.минута донесе водство за „црвените ѓаволи“, а израмни токму Нкетија седум минути подоцна.

Бакајо Сака на почетокот на вториот дел испрати силен удар од далечина и направи пресврт, но повторно израмни Лисандро Мартинез во 59.минута. Во финишот, Арсенал сепак успеа да дојде до посакуваниот триумф во трката за шампионската титула.   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови