
Германскиот играч за врска Тони Крос сѐ уште не одлучил дали ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. Одличниот играч за врска во јануари ќе наполни 33 години, а договорот со Реал Мадрид му истекува на крајот од сезоната.
„Кралскиот клуб“ нема апсолутно никаков проблем да го задржи во тимот каде е многу важна алка и покрај доаѓањето на нови, помлади имиња во средниот ред. Неговиот статус не се промени ниту малку по доаѓањето на Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени, а Феде Валверде во меѓувреме доби посериозна улога. За тоа говори податокот дека тој сезонава одигра 18 од 21 натпревар во тимот на Карло Анчелоти.
Сепак, шест месеци пред да му истече договорот, тој сѐ уште размислува. Анчелоти е убеден дека Крос ќе стави потпис за нова соработка. Впрочем, тој пред неколку месеци зборуваше на таа тема, посочувајќи дека Германецот ќе одлучи по Светското првенство на кое не учествуваше, бидејќи се збогуваше со репрезентацијата.
Мундијалот заврши, но новиот договор на Тони Крос сѐ уште е во воздух, пишува „Марка“.
Она што е очигледно во целата ситуација е дека Крос нема да го напушти клубот во потрага по нов предизвик или некоја поегзотична локација како МЛС-лигата, но доколку реши да не потпише соработка со Реал – кариерата ќе ја заврши на возраст од 33 години.
Тони Крос е петкратен европски шампион со Реал Мадрид и таму планира да ја заврши кариерата. Кога? Ќе дознаеме во наредниот период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
