Connect with us

Тони Крос го заштити Винисиус: „Никој не знае како е да си внатре на теренот, сакаш сѐ друго освен да излезеш од Ел Класико“

Полемиката околу реакцијата на Винисиус Жуниор при неговата замена во натпреварот против Барселона продолжува да буди внимание, а сега свој коментар даде и Тони Кроос.

„Кога ќе одиграш извонреден натпревар, особено таков како овој, не си задоволен. И јас никогаш не сакав да ме менуваат. Но, да бидеме искрени, никогаш не сум одел директно во соблекувалната по тоа“, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид во својот подкаст.

„Оние кои се од страна секогаш можат да судат, но никој, освен луѓето на теренот во Ел Класико пред 80.000 гледачи при резултат 2-1, не знае дека сакаш сѐ друго освен да излезеш. Таа емоција никој кој ја осудува, не може навистина да ја разбере. Повеќето од оние што прават проценки, не можат да се постават на тоа место“, додаде германскиот репрезентативец.

„Кога ќе се смири и ќе помине одредено време, веројатно ќе си помисли: „Можам малку повеќе да го контролирам својот гнев“. Можам да го разберам тоа, но како што се гледа на снимките, ситуацијата не е идеална. Сепак, сакам да нагласам дека е исклучително емоционална ситуација кога си во таков натпревар.“

Тој верува дека Чаби Алонсо ќе ја преброди ситуацијата со Винисиус Жуниор.


„Веќе сум го доживеал ова многу пати, така што не секогаш е потребно да се зема сè толку сериозно. Тренерите исто така обично не го прават тоа, особено оние кои порано биле играчи.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови