Connect with us

Томори останува на „Сан Сиро“ до 2027 година

Англискиот централен дефанзивец Фикајо Томори ќе потпише нов договор со италијанскиот шампион Милан. Одбранбениот фудбалер ќе се обврзе на верност да остане во „Миланело“ до 2027 година, со нето плата од 3,5 милиони евра по сезона.


Тој им се приклучи на „росонерите“ на почетокот на 2021 година, мина 6 месеци на позајмица од Челси, а потоа беше откупен за сума од 28 милиони евра.

Томори во изминатата сезона беше неизоставен дел од составот на Стефано Пиоли што го освои 19. „скудето“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови