
Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, изјави дека доколку проработи планот на Баварците, Килијан Мбапе нема многу да се забавува на утрешниот натпревар на „Алијанц арена“.
Двата тима се сретнаа пред две недели во првата пресметка од осминафиналето во Лигата на шампионите и Германците победија со 1-0 во француската престолнина. Утре следува реваншот во Минхен, а Милер има само пофални зборови за Мбапе. Сепак, делуваше уверено дека неговата екипа го нашла клучот за да го запре напаѓачот.
„Неговата експлозивност, преземање на топката, тој е ѓавослки ефикасен и многу ми се допаѓа. Мислам дека целиот свет сака да го гледа. Но ако нашиот план функционира, утре нема многу да се забавува“, изјави Милер на прес-конференцијата пред мечот со ПСЖ.
На првиот меч Мбапе се појави на теренот дури по паузата, бидејќи лечеше повреда, но веднаш имаше влијание на натпреварот и успеа двапати да ја испрати топката во мрежата. Сепак, головите беа поништени по интервенции од ВАР собата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
