
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
На контролниот турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мури, учество ќе земат квалитетни репрезентации како домаќинот, Албанија и Саудиска Арабија.
Атмосферата во нашата репрезентација е на едно високо ниво, а еден од клучните играчи во репрезентацијата, Димитар Тодоровски очекува Македонија да продолжи со добрата игра и победничката серии.
„Се подготвуваме одлично за претстојните предизвици што не очекуваат. Со нетрпение го очекуваме првиот дуел со Албанија. Сакаме да продолжиме со добрите игри. Започнавме одлично, со две победи над незгодната селекција на Босна и Херцеговина. Сакаме да продолжиме во ист ритам, целта е остварување на две победи и освојување на турнирот. Нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Подготвен сум максимално и фокусиран на репрезентативните предизвици, добрата форма во која се наоѓам сакам да ја пренесам и на теренот. Секогаш е чест и гордост да се носи дресот со државен грб“, изјави Тодоровски.
Првиот натпревар репрезентацијата на Македонија У21 го игра против Албанија на 23. септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
