Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот по изведување пенали. Селекторот Тите заминува од функцијата со оглед дека му истекува договорот, а не може да се помири со болната елиминација.
Бразил доминираше, имаше многу повеќе шанси, но на крајот ќе си оди дома.
По мечот, бразилските медиуми го прашаа Тите како дозволил Хрватска да го наметне својот ритам и да го заземе поседот на топката, како и зошто го повлече Винисиус Жуниор?
„Замените што ги направив, како да ви кажам. Го имате Родриго кој е технички силен, Педро, многу добар во финишот, Алекс Сандро… Го заменив Милитао бидејќи имаше болки и грчеви. Го извадив Пакета поради исцрпеност… Тешко ми е да зборувам за било што, кога ќе примите гол во последната секунда. Имаш посед, ја имаш топката… Подготвивме 11 шанси, имавме 11 удари, а Хрватска само еден. И сега ми кажувате нешто? Ајде, ве молам“, изјави сега веќе поранешниот селектор на Бразил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













