
Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) на Барнли му забрани да прави трансфери поради доцнење во обезбедувањето на нивното сметководство. Водечкиот тим во Чемпионшип, Барнли, каде настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, го оправда доцнењето со смената на нивните ревизори во ноември.
„Можеме да потврдиме дека ги доставивме нашите сметки и финансиски информации до Лигата и продолжуваме со редовен дијалог со раководството за да покажеме дека сме отворени и транспарентни. Можеме да одговориме на сите прашања“, се вели во соопштението на Барнли.
„Веруваме дека ФА нема да има никаков проблем со нашето сметководство освен неговото доцна поднесување и ја разбираме и поддржуваме нивната позиција да се санкционира секој клуб што ги прекршува правилата. Клубот и нашите нови ревизори се уверени дека сè ќе биде решено и дека нашата забрана ќе биде укината следниот месец“, напиша Барнли.
Барнли е на врвот во Чемпионшип со 80 бодови од 36 натпревари и изгледа многу блиску до промоција во Премиер – лигата само една година откако тимот испадна. Второлигашот стигна и до четвртфиналето на ФА Купот, каде треба да се соочи со Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Втора лига
Панче Стојанов е нов тренер на Беласица

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро
