
Фудбалската репрезентација на Белгија ќе биде значително ослабена на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство. Покрај Ромелу Лукаку, кој отсуствува подолг период, „ѓаволите“ ќе го немаат на располагање и фудбалерот од средниот ред, Јури Тилеманс.
Тој се повреди на последниот натпревар од Премиер лигата против Лидс, а менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, по натпреварот изјави дека Тилеманс се здобил со повреда на мускулот.
Тилеманс и покрај тоа пристигна во белгискиот камп за да биде прегледан од лекарскиот тим и констатирано е дека не е способен за настап.
Белгија во завршницата од мундијалските квалификации има натпревари против Естонија на 13 ноември и против Велс на 16 ноември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
